речник контакт

По кој критериум МРТВ ги дели сметките за радиодифузна такса?

Сметката ја добило лице, кое живее во станот од ќерката, таа редовно ја плаќа сметката а старецот никаде не фигурира дека живее во зградата

Петар Печков

 Добиле сметка  за лице кое  живее во стан, каде редовно се плаќаат сметките а тоа никаде не фигурира дека е корисник на станот. Ова се случува во Велес а блиските на лицето реагираат зошто сметката стигнува на негово име, кога сопственикот на станот редовно ја плаќа таксата.

Во станот кој е сопственост на неговата ќерка, живее татко и. Таа редовно си ја плаќа сметката а од пред еден месец, почна и тој да добива сметка за радиодифузна такса. Нас не чуди еден момент, како од МРТВ дознале дека тој е тука станар, кога никаде не фигурира неговото име, во ниту еден документ а над се, сметките редовно се плаќаат. Бараат да плаќаме двојно. Но најмногу од се ме запрепасти моментот што ова Јавно претпријатие има информација која никаде не постои на хартија. Како е можно – велат блиските на  лицето кое живее во станот.

Од  ЈП МРТВ кратко изјавија дека е потребно до изјава дека  сопственикот на станот редовно ја плаќа таксата, да се јават во УЈП и ќе се отстранат нејаснотиите. Не одговорија како  дознале дека лицето живее таму, а тој никаде не фигурира дека е станар, во станот на ќерка си.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »